Рубрика: Астрономија и астронаутика
Ноемвриско хибридно затемнување на Сонцето
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Многу среќници во светот на 3-ти ноември имаа можност да уживаат во необичното хибридно затемнување на Сонцето. Настанот во кој Месечината го затскри Сонцето беше видлив од источниот дел на Северна Америка па сè до Блискиот Исток.

Затемнувањето на Сонцето претставува астрономски настан кој се случува кога Месечината на својата орбитална патека поминува помеѓу Сонцето и Земјата и директно ја блокира сончевата светлина, делумно или целосно. Затемнувањето може да се случи единствено за време на млада Месечина. Поради елипсовидната форма на орбиталните патеки на Земјата и Месечината, нивните привидни големини варираат со текот на времето. Па така, во зависност од нивната заемна позиција, постојат неколку типа затемнувања на Сонцето: тотално, делумно, прстенесто и хибридно. Односот на привидните големини на Месечината и Сонцето се нарекува магнитуда на затемнувањето и го регистрира процентот на покриена сончева површина. Поради ефектот на паралакса, магнитудата во зависност од географската широчина, се менува во текот на затемнувањето.

Клучни зборови:

Делумно затемнување имаа прилика да видат дел од жителите на Сад. Фотографија направена од Јужна Каролина, САД

" href="https://emiter.com.mk/sites/default/files/sliki/napis/2_emiter_Zatemnuvanje2013_WEB2.jpg">

Моментот на тотално затемнување на Сонцето "фатен" во Уганда

Она што можеше да се види од кај нас. Слика на Охридското астрономско друштво.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.