Рубрика: Историја и археологија
Праисториска палафитна населба "Мрдаја" во Дојранското езеро
Автор: Зоран Рујак
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Резултати од археолошките истражувања на праисториската наколна населба во водите на Дојранското Езеро од времето на преодниот период меѓу бронзената и железната епоха.

Таткото на историјата, Херодот, пишувајќи за овие простори во времето на персиските освојувања, некаде кон крајот на VI век пр.н.е., во својата Историја ќе запише:
„Во средината на езерото се наоѓаат дрвени скелиња подигнати на високи колци, а пристапот од копното им е овозможен со помош на еден мал тесен мост. Колците под скелето некогаш во старо време биле носени од страна на сите жители на населбата, а подоцна направиле ваков обичај. Секогаш кога некој од нив се женел носел од планината, чие име е Орбел, по три колци кои ги ставал под скелето... Секој на скелето има по една колиба во којашто живее, а низ скелето води отвор долу до езерото. Малите деца ги врзуваат со јаже за ногата плашејќи се да не паднат во езерото. Коњите и говедата ги ранат со риба, а има толку многу риба, кога вршката се спушта во езерото и по кратко време се извлече, таа е преполна со риба... (Херодот, Историја II, 16).
Овој опис на Херодот се однесува за езерото Прасијада, кое најверојатно го претставува Дојранското или Волковското Езеро и живописно зборува за постоење на наколна населба.
Првите сознанија за постоење на наколна населба во Дојранското Езеро доаѓаат од наодите на колци кои, при изведувањето градежни работи во месноста Николиќ, случајно се појавиле на брегот од езерото. За жал, овие наоди никогаш не добија стручна потврда.
Од друга страна, при изведувањето на градежните работи во месноста Мрдаја, со цел за проширување и уредување на крајбрежниот појас, се појавија првите остатоци на наколна населба и на Дојранското Езеро. И покрај тоа што голем дел од населбата беше уништен со градежните активности, археолошките истражувања дадоа непроценливи резултати за понатамошно определување на бронзеното време.

Клучни зборови:

Археолошки истражувања на наколната населба "Мрдаја" на брегот од Дојранско Езеро

Ископување на керамичкиот материјал од наколната населба

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.