Рубрика: Омнибус
Макинова 2013
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во рамките на ТЕХНОМА, во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ, по 34. пат се одржа изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи и младинско творештво МАКИНОВА 2013. Придружна беше изложбата на иновации и пронајдоци за подобрување на животната средина – ЕКОНОВА 2013. Учесниците на МАКИНОВА беа пријатно изненадени од посетата на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој ги разгледа изложените пронајдоци и најде време да поразговара со речиси сите иноватори.

Пријатно бевме изненадени од квантитетот и квалитетот на прикажаните пронајдоци и иновации. Покрај домашните иноватори, со свои пронајдоци се претставија и гостите од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија. За жал, ни оваа година организаторот не успеа да ги собере навремено пријавите за учество, па жирито немаше време претходно да ги селектира, разгледа и проучи понудените иновации. Така, без селекција, на изложбата официјално се појавија две перпетуум-мобиле машини, математички алгоритми што негираат докажни теореми од математиката, невозможни падобрански системи со хелиумски балони за спасување цели авиони...
Жирито и овојпат беше со пошироко дарежлива рака отколку што јас би сакал, но важно е дека работите тргнаа на поарно. Со оглед на ограничениот простор во списанието и големиот број на учесници, ќе ги претставме само поинтересните иновации. Целосниот список можете да го видите на www.emiter.com.mk

Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
 
Клучни зборови:

CNC машина на Јане Јаневски

Беспилотното летало МК6-24 на Сашо Неделковски

Центри-фугален регулатор на Андон Поповски

Сончевиот шпорет и неговиот млад конструктор Ѓорѓи Јованов

Претста-вување на трудот "Крем за псоријаза од Chelidonium majus" од Маја Поповска

Дел од добитниците на Златен медал на МАКИНОВА 2013

Уредникот на ЕМИТЕР со добитниците на награда на ЕМИТЕР

Уредникот на ЕМИТЕР со наградените млади конструктори

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.