Емитер 11/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Посериозна и поангажирана - тоа е впечатокот од овогодишната манифестација МАКИНОВА 2012. Најмногу за тоа придонесоа заострувањето на критериумите за наградување и јасното одвојување на младинското творештво од сериозните пронајдоци и иновации. Преседателот на државата ѓорге Иванов пријатно ги изненади сите пристутни со појавата на МАКИНОВА и со срдечен разговор со повеќето пронаоѓачи.
Во рамките на ТЕХНОМА 2012, по 33-ти пат се одржа Меѓународната изложба на пронајдоци, нови производи и младинско творештво МАКИНОВА 2012. Во минатите години редовно го критикував (со право!) жирито на МАКИНОВА поради недоволната строгост во наградувањето, но и за негативната појава на наградување на учесниците од младинското творештво со награди наменети за категориите за пронајдоци и иновации. Оваа година со задоволство можам да информирам дека жирито консензуално одлучи да ги подигне критериумите за наградувањето, а заслужните учесници пријавени за младинско творештво да не ги префрла во други категории и да не ги наградува со награди од другите категории. Се надевам дека и јас тука нешто придонесов, за прв пат како член на жирито (ќе беше уште построго, да беше само по мое). Учеството во жирито ми овозможи подетално да се запознам со проблемите кои искрснуваат во работата на жирито, како на пример отсуството на какви било информации за пронајдоците кои се испраќаат во пријавата пред самата МАКИНОВА. За следната година ќе се инсистира на навремено пријавување на учесниците, со подетални описи на пронајдокот или производот, со што многу ќе се олесни работата на жирито за правилно оценување и адекватно наградување.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.