Рубрика: Аудио и видеотехника
Следна генерација на видео рутери
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Денешните дигитални матрици – рутерите, како и оние претходните, се срцето на секој видео систем, кое ги одредува целокупните текови на работата, а пред сè ефикасноста. Ако на рутирањето му се додаде можноста за интегрирано гледање на изворите, влезовите и излезите, вршење конверзија и деконверзија на форматите и многу други алатки кои понекогаш и не се толку неопходни, како што се битни стабилноста, сигурноста, издржливоста и потрошувачката, доаѓате до уред кој мора многу внимателно да се планира пред да се набави. Текстот има за цел да помогне токму во оваа насока. Можеби не ќе ви треба да набавите видео рутер ни денес, ниту утре, ниту некогаш, сеедно. Во крајна линија, дел од она што е битно за видео рутерите, битно е и за други уреди. Прочитајте го текстот и имајте ги и овие знаења. Еден ден можеби ќе ви се најдат!

Рутерите се матрици со голем број влезови и излези чии патишта меѓусебно се вкрстуваат. Овие матрици се користат за транспорт на сигнали од изворот или влезот до одредена излезна или крајна дестинација. Секоја матрица е обележана со бројка која е производ од нејзините влезови и излези. Чудно е сознанието денес, особено во врска со капацитетот на рутерите, бидејќи само пред неколку години видео рутер со капацитет 512 х 512 се сметаше за матрица со огромен број влезови и излези кои не можат да се искористат, а денес тој број воопшто не е "огромен". Но и овде производителите нашле решение, па така, денес се изработуваат рутери кои можат да се прошират со уште влезови и излези или можат да дадат поддршка и на други формати, бидејќи покрај капацитетот за рутерот, битен е видот на сигналите кои влегуваат и излегуваат од него, иако некои рутери имаат можност за интерна конверзија, на пример, од аналогни во дигитални и обратно.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.