Рубрика: Аудио и видеотехника
Пандорина кутија за слатки аудиомаки
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 20.02.2015 - 13:34

Ја претставуваат како еден од најдобрите звучни системи во светот со дисперзија од 360°. За нејзиниот развој, “виновни” се тим од инженери и музичари, како и австрискиот дизајнер Томас Фајхтер. Станува збор за звучната кутија Pandoretta од Poet Audio.
Пандорета е изработена од брусен нерѓосувачки челик и дрво, а доаѓа со дабово подножје високо 80 cm, коешто е со префинета изработка и рачно нанесен маслен финиш.
Звучниот систем има еден дигитален и два аналогни приклучоци наменети за ТВ-приемник, CD или Blu-ray плеер или кои било од останатите надворешни извори. Покрај ова, предвиден е и безжичен прием на аудиосигналот од iPhone/iPad уред или кој и да е паметен телефон или таблет на сопственикот, како и од неговиот PC. Притоа, нема индикатор за тоа од кој звучен извор ќе го пренесува звукот, туку симултано го репородуцира аудиосигналот од сите активни извори.
Звучната кутија има седум вградени звучници и висококвалитетен 170W аудиозасилувач коишто, според производителот, на корисникот ќе му обезбедат high-end квалитет на звукот, без изобличувања, независно од положбата на слушателот во однос на звучниот систем. Квалитетот на звукот го гарантира употребата на apt-X Bluetooth безжичната технологија без загуби.
За да уживате во префинетоста на Пандорета потребни ќе ви бидат “само” 5860 евра.

Клучни зборови: