Рубрика: Аудио и видеотехника
NAB Show 2013 – Поизводи на иднината со содржини креирани за интернет
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Од 8 до 11 април 2013 година во Лас Вегас се одржа најголемото светско шоу на американската асоцијација на радиодифузерите – NABShow 2013. На овој најголем светски настан од оваа проблематика присуствуваа 92 000 посетители (10 % повеќе од лани) од над 155 земји, а свои производи презентираа 588 компании од кои 187 компании се појавија за првпат. Овие пет-шест дена Лас Вегас беше дом на најголемиот собир на светот на продавачи и корисници на производи од иднината на електронските и комуникациските медиуми, како и голем број претставници од печатени и електронски гласила.

Имаше производи речиси од секаков вид за аудио и видео интерактивна комуникација преку социјалните поврзувања на интернет. Производите, огромниот број решенија, предавањата и презентациите беа организирани во осум изложбени сегменти за да се овозможи ефикасно разгледување. На изложбата, покрај запознавање со нови производи, се склучуваа бизнис-договори, се разменуваа искуства, се споредуваа стари и нови технологии и генерации на уреди, се вршеа брзи едукации преку стручни демонстрации на производите и уште многу други работи. Тука можеа да се сретнат на едно место студенти и директори на индустриски гиганти, пионери и гуруа на врвни технологии, луѓе одговорни за унапредување алатки кои носат содржини што го менуваат животот на планетата. Сепак, секој се фокусира на она што е негов домен бидејќи има многу случувања, а времето е кусо!
Затоа, да видиме што всушност се случуваше и што ново донесе шоуто оваа година.

Клучни зборови:

CG creator од Hitachi

Anycast Touch System од Sony -висококвалитетен A/V уред.

Verizon FiOS TV овозможува телевизиска магија каде и да се наоѓа крајниот корисник

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.