Рубрика: Аудио и видеотехника
Проект: HI-FI звучник TNT-15 HI-FI
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Разочарани сте од млитавиот и слабиот звук на стандардните hi-fi звучници? Сакате експлозивна динамика и јачина, но со hi-fi неутралност и природност? Тогаш овој проект за звучник е наменет токму за вас – високоефикасни професионални звучнички единици, елаборирана свртница и добра кутија, наменети за домашно аудиофилско уживање во live concert јачина на звукот. Во аудиофилските кругови владее заблудата дека професионалните звучници имаат тврд, остар и груб звук. Овој проект е доказ дека тоа не е точно, напротив!

Општеството отсекогаш било испресечено со различни поделби и граници, па не треба да нè чуди што во аудиотехниката постојат два одвоени света кои речиси никогаш не се допирааат меѓусебно. Во тие одвоени светови живеат две различни касти луѓе кои, повторно, не се мешаат меѓусебно, не разговараат меѓусебно и со потценување гледаат на "другите". Тоа се различните светови на hi-fi и професионалното аудио. Како и секогаш, тие навидум непремостливи разлики се вештачки и базирани на непознавањето на потребите и размислувањата на оној "другиот". Во последно време сè почесто се случува аудиофилите да ги откриваат предностите што ги нуди професионалната аудиотехника. Заслепени од hi-fi догмите, аудиофилите воопшто не сакаа да слушнат како звучат професионалните уреди. Но кога ќе ги слушнеа, тие никогаш веќе не се враќаа назад. Во некои ретки пригоди се случуваше специјализираните hi-fi списанија да тестираат по некој професионален уред, па дури и тие тогаш се чудеа како, на пример, професионалните активни (со вградени засилувачи) студиски мониторски звучници ги прегазуваат и дотолчуваат дури и двојно и тројно поскапите комбинации на највоспеаните езотерични примероци на hi-fi звучници и засилувачи.
Во овој број ви нудиме токму таков проект: Hi-Fi звучник TNT-15 HI-FI направен со професионални драјвери кој се одликува со висок квалитет, но и многу висока ефикасност од 96 dB/1W/1m.

Клучни зборови:

Измерената АФК на звучникот

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.