Емитер 10/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Италијанскиот сеизмолог Џузепе Меркали (Giuseppe Mercalli) го задолжи светот со својата скала за мерење на јачината (магнитудата) на земјотресите. Додека со Рихтеровата скала се мери јачината на земјотресот под површината – во самото жариште на земјотресот, Меркалиевата скала ја мери јачината на земјотресот на самата површина, на која било локација на Земјината топка. Што се однесува до обичните луѓе, за нив поважна е Меркалиевата скала бидејќи таа е мерка за директниот ефект врз луѓето, предметите, куќите и зградите. Ефектот на земјотресите врз филмофилите, во нивната соба со сараунд систем, исто така би требало да се мери со Меркалиевата скала. Затоа, овој сабвуфер е наречен Меркали 12.
Во сабвуферот Меркали 12 употребен е квалитетен (и скап) бас-звучник Инфинити Капа (Infinity Kappa) 120.3se, со номинален дијаметар од 12 инчи (305 mm) и импеданса од 4 W, наменет за сабвуфер за автомобил. Мембраната е метална со мат-сребрена боја, а периферната гумена спојка е со голема ролна. Со професионалниот уред за аудиомерења CLIO ги измерив Thiele-Small параметрите, од кои произлезе дека со него може да се направи компресиона (затворена) кутија со одличен квалитет. Кутијата за сабвуферот Меркали 12 има внатрешен волумен од 50 литри (dm3). Внатрешноста на кутијата е вкрутена со дополнителни летвички, а потоа целата внатрешност е дампирана со полиестерска “волна” која служи за полнење перници. Пропорциите на кутијата не се важни, па можете да се одлучите и за форма на коцка, како што гледате на фотографијата. Кутијата ја обоивме во светло сива боја, слична на бојата на мембраната на звучникот. Четирите црни точки блиску до аглите се лежишта за пластичните држачи за рамката со заштитно платно. На дното од кутијата поставени се 4 шилци, за да не “потскокнува” кутијата при гласно свирење. Од задната страна на кутијата, во дополнителна комора е монтиран засилувач од 250 W на 4 W, од кој се гледаат само ребрата од големиот алуминиски ладилник.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.