Емитер 7-8/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Професионалните звучници се одликуваат со висока ефикасност и голема моќност (и висока цена, за жал). Звучникот TNT-10 PA има висока ефикасност од 94 dB/1W/1m, има солидни 150 W синусна моќност и според тоа е вистински професионален звучник, иако има ниска цена! Што е уште поважно - можете да го направите сами!
Поминаа долги 14 години од последниот проект во ЕМИТЕР за самоградба на професионален звучник. Во меѓувреме, во ЕМИТЕР објавив повеќе текстови за проектирање звучници и неколку практични проекти за самоградба на hi-fi звучници. Главниот проблем кај овие проекти беше потешкотијата со набавка на квалитетни звучнички компоненти-високотонци и басови. Најчесто евтините кинески звучници всушност не се толку евтини во однос на квалитетот што го нудат. За само малку повеќе пари може да се добие многу повисок квалитет. Во овој проект се употребени квалитетни професионални звучници од тајландскиот производител на звучници P.Audio. Ова име на најголемиот број на читатели не им значи ништо, но тајландскиот P.Audio и американскиот Eminence се двата најголеми светски OEM производители на професионални звучници. OEM е кратенка од Original Equipment Manufacturing-фабрика која има огромно производство и која произведува и за други фирми и брендови, а на тие производи само се лепи етикетата на соодветниот бренд. Однапред да нагласам дека мојата фирма АУДИО ЕКСПЕРТ е дистрибутер на P.Audio за Македонија. Можеби некој ќе забележи дека објавувам проект во кој користам звучници што ги продава мојата фирма и дека овој проект всушност претставува нефер саморекламирање. Но, пазарот во Македонија е многу мал, изборот е крајно ограничен и често се сведува на едно или можеби две (или ниедно). Од аспект на погорекажаното, мислам дека сепак никој нема да се пожали што добива висок квалитет по ниска цена, па нека е и од мојата фирма.
За потребите на професионалното озвучување се бара максимален звучен потисок во работниот опсег на фреквенции, па за TNT-10 PA е одбрана оптимална резонантна фреквенција (со должина на цевката 70 mm) со која се подразбира дека треба да се користи дополнителен сабвуфер. Ако TNT-10 PA треба да се користи исклучиво без сабвуфер, тогаш бас-рефлекс цевката треба да има должина 130 mm и да се постави на задната плоча од звучната кутија, а самата звучна кутија треба да се постави на растојание од околу 10 cm од ѕидот. На тој начин ќе се засилат најниските фреквенции.
Владимир Филевски
Бас-среднотонец; P. Audio E10-150S Високотонец; P. Audio PHT-413
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.