Емитер 3/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Еден од поголемите проблеми со кој се среќаваат аудиохобистите е комплицираната и долготрајна столарска работа околу изработката на звучните кутии. Материјалните трошоци исто така се проблем, особено ако кутијата е голема. Во овој проект ќе ја презентирам мојата идеја како за 2/3 да ги намалите трошоците и материјалите за изработка на звучната кутија, а склопувањето на кутијата ќе ви одземе само 5 минути! За почеток, ќе направиме високоефикасна (97 dB/1W/1m) звучна кутија со професионални звучници од производителот P.Audio: голем бас/среднотонски звучник од 15 инчи (38 cm) и високотонска хорна.
Еден од поголемите проблеми со кој се среќаваат аудиохобистите е комплицираната и долготрајна столарска работа околу изработката на звучните кутии. Најчесто, звучната кутија има облик на правоаголна призма – квадар, како на сликата 1 а). Сите страни (плочи) на кутијата може да се исечат под прав агол (во однос на површината на плочата), но сепак изработката на кутијата не е толку едноставна. Спојувањето на шесте плочи треба да биде прецизно изведено, со лепак и со шајки, шрафови или типли. Друга, поретко користена варијанта е кутијата да има облик на триаголна призма, како на сликата 1 б) – дизајнот така визуелно е поинтересен, но изработката и спојувањето се покомплицирани: трите вертикални страни на кутијата, вкупно шест раба, треба да се исечат под одреден агол (во однос на површината на плочата) за да може правилно да се спојат меѓусебно. Втор недостаток на ваквиот триаголен облик е нешто поголемата потребна површина на плочите од звучната кутија, при ист волумен со кутијата од сликата 1 а). Ако основата на оваа триаголна звучна кутија е правоаголен триаголник, кутијата можеме целосно да ја ставиме во аголот од собата – слика 1 в), со што многу се заштедува на просторот во собата. Сега стапува на сцена мојата идеја – двата ѕида и подот од ќошот можат да бидат замена за цели три страни (плочи) од звучната кутија! Така, од целата кутија остануваат само предната и горната плоча – тоа е заштеда на 2/3 материјал! Освен тоа, изработката е многу поедноставна: предната плоча е праваголна и горниот и долниот раб треба да се исечат под прав агол, додека под агол од 45 степени (во однос на површината на плочата) треба да се исечат само двата вертикални раба. Горната плоча, номинално, е триаголна и нејзините рабови треба да се исечат под прав агол во однос на нејзината површина.
Целата "ќош-звучна кутија" е претставена на фотографијата на сликата 2. Во нашиов случај, од горната триаголна плоча кај правиот агол отсечен е помал триаголник, така што останува трапезна форма на горната плоча. Триаголниот отвор што се добива на тој начин (во самиот ќош) служи како бас-рефлекс отвор за звучната кутија – уште едно елегантно конструктивно решение. Целата звучна кутија се формира со едноставно лепење на предната и горната плоча со силиконски кит за ѕидовите и подот. За склопување на оваа звучна кутија потребни се само 5 минути! Сите детали за самоградба на оваа звучна кутија проследете ги во продолжение на овој напис.
Ефикасност: 97dB/1W/1m;
Фреквентен опсег: 40Hz - 20kHz (±3dB)
Бас/среднотонец: P. Audio E15-200S;
Високотонец: P. Audio PHT-408;
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.