Емитер 11/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Хигсовиот бозон, поинаку наречен и Божја честичка, теоретски претскажан уште во 1964 год., конечно детектиран во 2012 год., можеби е тајниот клуч во космологијата којшто ја објаснува несиметријата меѓу количеството материја и антиматерија во најраниот универзум, како и потеклото на мистериозната темна материја, којашто зафаќа дури 84,5% од вкупната маса во универзумот.
Да се потсетиме, Хигсовиот бозон до неодамна беше последната сè уште неоткриена елементарна честичка во "Стандарниот модел на елементарни честички", теоретски претскажана од англискиот физичар Питер Хигс (Peter Higgs) уште во далечната 1964 год. Оваа честичка е носител на т.н. Хигсово поле, па поради различната интеракција на поедини типови елементарни честички со тоа поле, произлегува разликата во износот на нивната маса (попширно во врска со тоа види во ЕМИТЕР10/06: "Енигмата на масата"). По речиси полувековна потрага за идентификација на Хигсовиот бозон, тој конечно е идентификуван во големиот хадронски судрувач на честички, LHC, лоциран близу Женева на француско-швајцарската граница, и наодот беше објавен од страна на агенцијата CERN на 4 јули, 2012 год. (подетално за откритието на Хигсовиот бозон види во ЕМИТЕР бр. 7-8/12: "Што по откритието на Хигс-бозонот" и ЕМИТЕР 7-8/13: "Хигсовиот бозон отвори ново пророштво за крајот на светот"). Откритието на Хигсовиот бозон поттикна појава на најнова хипотеза, според која, тој имал клучна улога во креацијата на универзумот. Таа хипотеза нуди објаснување на две големи енигми во космологијата: причината за различните количества честички од материјата и од антиматеријата во најраниот универзум, и потеклото на мистериозната темна материја, којашто зафаќа 84,5% од вкупната маса во универзумот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.