Рубрика: Физика
Што по откритието на Хигсовиот бозон?
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


4 јули 2012 е запишан со златни букви во физиката. На тој ден конечно е решена 48 години старата претпоставка за постоењето на Хигсовиот бозон, или таканаречената божја честица. Денес научниците веќе не се прашуваат за нејзиното постоење туку дали презентираното откритие ќе предизвика промени во Стандардниот модел на елементарни честици, па дури и промена во нашето поимање за создавањето на универзумот воопшто.

Со голем ентузијазам од научната јавност е примена веста дека долгата потрага по честицата конечно заврши на прес-конференцијата на ЦЕРН на 4 јули оваа година кога два независни тима кои работеа на Големиот хадронски судирач (LHC) ги објавија резултатите на нивните 3-годишни истражувања. На оваа конференција на која беше поканет и Питер Хигс (Peter Higgs), англискиот физичар во чија чест е именувана честицата, и двата тима дадоа цврсти докази за постоењето на новата честица со маса од околу 125 [GeV/c2]. Степенот на веројатност за нејзиното постоење е 99,999% што според важечките стандарди во светот на науката означува неспорно откритие!
Веднаш се поставува прашањето: зошто оваа честица предизвикува толкав интерес? По што таа се разликува од останатите субатомски честици и зошто се верува дека токму таа може да го промени поимањето на унизерзумот? Патем, што всушност е Хигсовиот бозон?

Клучни зборови:

Од презентацијата на новооткриената честичка во CERN.

Хигсовиот модел како носител на сила која им дава маса на останатите елементарни честици според СМ

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.