Рубрика: Физика
Големиот хадронски судирач (LHC) повторно со нови откритија!
Автор: Емилијан Иљоски
Објавено на 17.04.2014 - 09:49

Уште впечатоците од откритието на “Божјата честица” не се стивнати, Големиот хадронски судирач (LHC), сместен на границата меѓу Франција и Швајцарија, повторно ја рабранува научната јавност. Овој пат научниците од ЦЕРН откриваат една потполно нова честичка наречена Z(4430) – најјак и директен доказ за постоењето на нова форма на материја наречена “тетракварк” (tetraquark).
Сега кога LHC ја детектира Z(4430), нуклеарните физичари дебатите можат да ги пренасочат од постоењето на ваква честичка кон потврда дали оваа честица е всушност тетракварк – хипостатичка група од 4 кварка.
Претпоставени тетракваркови беа набљудувани во акцелераторот KEKB во Тсукуба - Јапонија уште во 2008, но другите акцелератори не можеа да го повторат експериментот и со тоа го потврдат постоењето на тетракварковите. LHCb од своја страна, еден од седумте екперименти за детекција на честички во состав на програмата на LHC, во минатиот период има анализирано на ова поле многу пати поголем број судирања од сите останати акцелератори низ светот, и досега има откриено најмалку 4000 вакви честички.
На научниците сега им останува да осознаат зошто честичката Z(4430) се распаѓа десетина пати побрзо од хипотетичниот модел на однесувањето на тетракварковите. Како што ќе се обработуваат повеќе податоци од LHCb, така ќе се оформи појасна претстава за тоа дали честичката Z(4430) е навистина тетракварк – или нешто сосема друго!

Клучни зборови: