Емитер 11/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Постои некое општо верување дека интернет-прелистувачот е софтвер кој воглавно има само една намена, а тоа е пристап на интернет и прелистување (прегледување) веб-страници. Секако, во добар дел, секој просечен корисник го користи веб-прелистувачот токму за тоа. Процентот со кој се застапени одредени веб-прелистувачи кај корисниците е различен, имено Internet Explorer сè уште држи најголем дел дел од пазарот. Тука некаде по него доаѓаат Mozila Firefox како и Google Chrome, но и официјалниот актуелен прелистувач на Apple – Safari. Овде сакам да ви претставам еден можеби помалку застапен прелистувач, но по многу нешта одличен во извршувањето на својата основна функција, како и во одредени функции кои кај другите прелистувачи ги нема. Се работи за софтверското решение за веб-прелистувач едноставно наречен Opera, на компанијата Opera Software од Норвешка.
Скандинавскиот прелистувач Opera постои веќе подолго време на пазарот и морам да кажам дека успешно опстојува. Можеби Opera Software не прави толку чести промени – update на својот производ, кој, патем, веднаш да напоменам, е бесплатен, како што тоа го прават Mozzila или Google, но и така нивниот производ е доволно конкурентен и атрактивен на пазарот. Според некои неофицијални податоци, прелистувачот го користат околу 200 милиони корисници. Реално гледано, во нашата држава овој прелистувач не е многу застапен, но познавам корисници кои откако еднаш ја инсталираа Opera, веќе не користат друг софтвер за оваа намена.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.