Емитер 4/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Откако од мала, брза и ефикасна алатка за преглед и основна обработка на фотографиите (и неколку дополнителни ефекти) прерасна во комплексна и моќна алатка, ACDSee сосема го загуби духот и шармот од првите неколку верзии, особено легендарната 3.1. Потребата од бесплатен, мал прегледник одамна се наметнуваше како нужност…
Далечната 2001-ва (чинам беше март или април) ни ја донесе можеби најдобрата верзија на ACDSee – 3.1. Велиме најдобра, и за тоа имаме неколку добри адути. Прво, разочарувањето од верзијата 4.0 беше толкаво што огромен процент од приврзаниците на овој бренд се вратија на верзијата 3.1. Дури петтата и шестата верзија беа добро прифатени, но и тогаш многумина и останаа верни на “тројката”. Значи, верзијата 3.1 беше долго време во употреба, а истовремено беше и една од најпопуларните апликации од овој вид неколку години. Едноставноста на интерфејсот, сите потребни основни опции за подобрување и корекција на фотографиите, филтри, ефекти и plugin-и, доминирачката работна површина, опции за масовно преименување на датотеките, сериски број кој лесно се наоѓаше по warez сајтовите (не ми се верува дека го напишав ова?!) – сето ова долго време беше репер за тоа како треба да изгледа алатка од ваков вид. Годините и верзиите донесоа надградби, подобрувања, нови и помоќни опции за манипулација, нови plugin-и, ефекти, со што “малата слатка” алатка се трансформираше во обемна и комплексна алатка, а со тоа се загуби шармот и духот кој провејуваше уште долго време по “тројката”.
Потребата од мал прегледник со основни опции веќе поодамна се чувствуваше…
…и конечно, бидна и тој! Наречен едноставно ACDSee Free, веднаш дава до знаење дека е бесплатна алатка, а тоа што е бесплатно по правило е и лишено од опции.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.