Рубрика: Информатика
PHO.TO
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Веќе сте биле на годишен одмор? Или, допрва планирате да одите? Како и да е, разгледајте го Pho.to (www.pho.to) – online апликација за уредување на фотографиите, со опции кои ќе дадат специфична и несекојдневна нота на вашите најнови дигитални спомени… па зошто да не и на поранешните? А тука се и бесплатните програми, тука се и Android и iPod/iPhone верзиите! Вклучете го компјутерот, што чекате уште?

Знам дека некој (сосема оправдано) ќе забележи дека и досега сретнувавме низа слични онлајн-уредувачи, нивни десктоп пандани, кои потоа станаа достапни и за мобилните платформи. Но сепак, авторите на Pho.to навистина се потрудиле да отидат чекор понапред.
На прв поглед, Pho.to е апликација чија целна група е помладата генерација. И не дека не е, да бидеме реални, но тоа не значи дека и ние, "помалку младите", не треба да ја испробаме. Ниту од далеку не е замена за фотошоп, да се разбереме, но веруваме дека и на закоравените фотошопери ќе им се поткрадне по некоја насмевка… макар и скржава :).

Клучни зборови:

Enhance Pho.to опцијата во дејство.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.