Рубрика: Информатика
Research@Intel и ERIC 2013 - француска врска за иднината
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Минатиот месец во Ница, Франција, се одржаа два настани во организација на Интел Лабс Европа – Истражувања во Интел Европа (Research@Intel) и Интеловата конференција за европски истражувања и иновации (Intel Europeаn Research and Innovation Conference - ERIC). Research@Intel беше придружен и со демо-претставување на технологиите на иднината на кои се работи во Интел Лабс. Благодарение на претставниците на Интел во Македонија, во можност сме од прва рака да ве известиме за случувањата.

Кои лекции можеме да ги научиме од практичните проекти кои успешно се снаоѓаат во примената на врвен дизајн во урбаните технологии? На ова и на повеќе други прашања кои претставуваат предизвик за градовите на иднината, се обидовме да најдеме одговор на настаните кои се одржаа во Ница. Конференцијата ERIC 2013 е шеста по ред во серијата годишни конференции и за првпат се организираше во Франција, а се одржа последователно по Research at Intel Europe (R@IE) која, пак, се одржува по четври пат. Оваа година за првпат, паралелно со двете конференции беше присутен и showcase (изложба) кој прикажа дел од овие истражувачки достигнувања, повеќето развиени во Intel Labs. Двата настани обединија околу 300 развојни инженери, истражувачи, професори и научници кои се директно вклучени во иновативната работа на Интел којашто се темели на соработката меѓу граѓаните, академските центри, индустријата и владините институции. Впрочем, неколкупати во текот на овие два дена беше нагласена соработката со големите едукативни центри кои директно се вклучени во развојот на новите технологии. Па така, воопшто не беше изненадување и тоа што канцеларијата за универзитетски програми на Интел Лабс на оваа конференција им оддаде почит на врвните студенти од Европа преку Почесната програма за почетна кариера (Early Career Faculty Honor Program) и Почесната програма за студенти на докторски студии (Doctoral Student Honor Program). Преку овие програми најдобрите професори и докторанди од врвните универзитети од цел свет добиваат можност за промоција на нивните кариери, а некои од исклучителните кандидати на докторски студии чијашто работа е поврзана со интересите за работа и истражување на Интел во Европа добиваат извонредни можности за пракса.

Клучни зборови:

Од претставувањето на проектот за Адаптивено учење

Претставување на проектот за 3Д звук при видеостриминг

Од претставувањето на проектот Дисплејот како услуга

Детаљ од лабораторијата за развој и испитување на чипови за мобилна технологија

Детаљ од лабораторијата за развој на аудиопроети во областа на мобилната технологија.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.