Емитер 11/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Нашиот старински ФМ-тјунер со ламби беше детално опишан во првото продолжение – ги анализиравме електричните шеми, ги презентиравме печатените плочки и дадовме совети за изборот на елементите и изработката. Но главниот дел од работата допрва следува – нагодувањето на изработениот приемник. Тоа е "пипава" работа која бара време, трпение и соодветни знаења. За првите две не можеме да ви помогнеме, но за третиот услов – да, во ова продолжение следува детален опис на постапките за нагодување, на начин и со помошни инструменти и уреди кои се достапни за хоби-електроничарите.
Во првиот дел од проектот "ФМ-радиоприемник со ламби", објавен во минатиот број, го опишавме ФМ-тјунерот, наречен "фремодин". Го објаснивме принципот на којшто работи и наведовме детални упатства за неговата градба и градбата на склопот за напојување, како посебни модули. Ако сте го изградиле ФМ-тјунерот заедно со модулот за напојување, сте го провериле и сте го приклучиле на градската мрежа, а неговиот НФ-излез сте го вклучиле на линиски влез на некој аудиозасилувач, па ако од звучниците сте го слушнале карактеристичниот шум за УКБ-подрачјето, ви остана уште нагодувањето на ФМ-тјунерот, што е предмет на овој напис.
Нагодување на супер-регенеративен радиоприемник, каков што е фремодинот, е сложена операција којашто бара целосно познавање на принципот на работа на овој вид приемници. Главниот проблем се состои во нагодување на двата осцилаторни круга, антенскиот L1, C2a, C3 и осцилаторскиот L2, C2b, C4, така што тие да резонираат синхроно со фреквенции чијашто разлика изнесува точно 21,75 MHz на секој дел од скалата.
**********
Кога го завршивме нагодувањето на фремодинот, слушајќи ја репродукцијата од него во затворен простор, констатиравме дека тој, иако се појавил во 40-тите години од минатиот век, денес приклучен на квалитетен аудиозасилувач нуди квалитетна репродукција, која субјективно не се разликува од репродукцијата кај денешните модерни ФМ-радиоприемници. Како репер за процена на квалитетот на репродукцијата ни послужи програмата на Класик ФМ на 90,8 MHz. Имено, таа станица емитува воглавно класична музика (арии и симфонии), а, како што е познато, класичната музика бара висок квалитет на репродукција. Ќе завршиме со констатацијата дека и во тоа далечно време, кога се појавил овој тип на радиоприемник, радиослушателите очигледно имале можност да уживаат во Hi-Fi репродукција!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.