Рубрика: Електроника
Аудиоконвертор за "лампашки" звук
Автори: Петар Лагудин, Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со малку пари и труд и вие можете да го имате ценетиот архаичен звук на ламбите.

"Лампашкиот звук" (valve sound) не е анахронизам: постојат луѓе кои и натаму останале верни љубители на звукот продуциран од засилувачите со електронски цевки. Меѓутоа аудиозасилувачите со ламби се многу скапи и проблематични за самоградба, главно поради високите напони и потребата од излезен трансформатор, па затоа се недостапни за поширок круг љубители на добриот звук. Овде нудиме елегантно решение за надминување на овие проблеми – проект за предзасилувач со само една ламба, напојувана со релативно низок напон од 60V. Но, и покрај едноставноста на овој предзасилувач тој успешно го конвертира "стерилниот" звук од ЦД/ДВД плеерот во карактеристичниот звук на старите ламби. Затоа го нарековме "конвертор за лампашки звук"

Квалитетниот "мек" звук кој го нудат засилувачите со електронски цевки е резултат на нивната нелинеарна преносна карактеристика, која продуцира претежно парни хармоници, пријатни за слушање. Тие го обојуваат основниот музички тон правејќи го попријатен за слушање. Но, не секој љубител на "лампашкиот звук" би се втурнал во изработка на скап комплетен ламбов засилувач поради некои тешко разрешливи проблеми, кои се појавуваат кај овие засилувачи. Во прв ред тоа се проблематичниот излезен трансформатор, потоа нужните високи анодни напони, релативно малата излезна музичка снага во компарација со вкупната дисипација на засилувачот итн. Решението, кое ви го предлагаме, нуди итар пат за надминување на сите тие наведени конструкциски проблеми, а сепак го обезбедува "лампашкиот звук". Ви предлагаме градба на аудиоконвертор (предзасилувач) реализиран со само една триода според шемите дадени во прилог. Тој консумира скромно количество енергија и може многу лесно да се вметне во аудиосинџирот. Во склопот е употребена триода, бидејќи таа има значајни предности во споредба со пентодата. Прво триодата има помалку линеарна карактеристика од пентодата, па тоа обезбедува во поголема мера "лампашки" звук. Натаму, двојната триода претставува идеално решение за градба на стереоуред за репродукција бидејќи таа во себе содржи две посебни триоди, па е доволна само една таква двојна триода за покривање на двата канала. Помеѓу сите постоечки типови двојни триоди, најдобар избор е типот ECC 82 (12AU7) бидејќи конверторот работи со многу мало засилување, па употребата на овој тип двојна триода дозволува употреба на низок аноден напон, сè на сè 60V. На тој начин се одбегнуваат сите тешкотии во врска со високите напони и гломазните и скапи трансформатори, кои се појавуваат кај вообичаените засилувачи со ламби. Со тоа конструкциската проблематика на овој предзасилувач (конвертор за лампашки звук) се сведува на исто ниво со конструкциската проблематика кај полуспроводничките склопови, а тоа го прави предложениот склоп многу лесен за градба.

Технички карактеристики:

Засилување: 0 - 7,5 пати

Фреквентен опсег: > 20Hz - 20kHz

Однос сигнал/шум: > 100 dB

Изобличувања (на 1 kHz): k2 = 1,5%; k3 = 0,07% (за Uout = 2V); k2 = 1%; k3 = 0,04% (за Uout = 1V); k2 = 0,5%; k3 = 0,01% (за Uout = 0,2V)

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1031
Ламба ECC82 (12AU7);
Транзистор BD159 (MJE340);
ИК 7806
Трансформатори 230V/ 24V/ 2VA и 230V/ 9V/ 3VA
Клучни зборови:
Со малку пари и труд и вие можете да го имате ценетиот архаичен звук на ламбите.

Со малку пари и труд и вие можете да го имате ценетиот архаичен звук на ламбите.

Изглед на изработениот прототип.

Изглед на изработениот прототип.

Изглед на изработениот прототип.

Изглед на изработениот прототип.

Изглед на изработениот прототип.

Изглед на изработениот прототип.

Изглед на изработениот прототип.

Изглед на изработениот прототип.

Спектарот на изобличувањата при излезен напон од 1V.

Спектарот на изобличувањата при излезен напон од 1V.


Конверторот вграден во кутија заедно со lоudness контрола, дело на Славко Стојковски од Скопје

Конверторот вграден во кутија заедно со lоudness контрола, дело на Славко Стојковски од Скопје

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.