Рубрика: Информатика
VDSL2 – следниот чекор во комуникациите
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Преминувањето од широкопојасната на VDSL-технологијата можеме да ја споредиме со преминувањето од модемскиот кон широкопојасен интернет. Втората генерација VDSL работите ги крева за уште едно ниво повисоко.

Сè уште ни е во сеќавање воодушевувањето кога широкопојасниот (broadband) интернет ни стана достапен. 768-те KB, подоцна и фамозниот мегабит беа, без претерување, светлосна брзина во споредба со старите модемчиња со кои отворање на малку покомлицирана веб-страница се чинеше како цела вечност. Истовременото вклучување на две ISDN-линии даваше сосема солидна интернет-брзина (во тоа време, се разбира), но притоа и сметката се удвојуваше. Затоа, широкопојасниот интернет го дочекавме како спасител.
За да го користиме тој и таков интернет се служевме (и сè уште се служиме) со телефонската инфраструктура. И сигурно е дека тоа ќе остане така уште еден подолг период. А до тогаш, да ја искористиме оваа инфраструктура и на еден друг начин. Со помош на VDSL.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.