Рубрика: Информатика
Дали Wi-Fi рутерот има способност да ве шпиунира?
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 27.02.2025 - 14:15

Од темните места на интерентот, каде ако со шпакла загребеш по дното можеш да собереш... па, да кажеме интересни теории и постулати, доаѓа едно интересно тврдење. Имено, се тврди дека вештачката интелигенција на домашниот рутер му дава можност да ве позиционира каде и да сте во просторијата. Наводно, ова може да го направи без камера, користејќи го единствено сигналот што го емитува самиот рутер, според кој ВИ ја одредува во реално време вашата позиција во просторот... дури и преку ѕидови. Колку и дали ова е воопшто можно?

Мислењата во коментарите се поделени и шаренолики.

Ова всушност не е можно поради две работи. 1) Антените на рутерите не се дизајнирани како насочени, туки се омни антени, односно 360 еднакви. 2) Процесорот на рутерот не е доволно моќен за фазна контрола на емитерот и приемниците за мерење на фазната разлика преку која би се измерило растојанието на рефлексијата. т.е. рутерите не се радарски хардвер”, вели корисникот frewy1968

 “Скајнет доаѓа”, ламентира militantsqc, алудирајќи на ВИ софтверот што стекнува со свесност и се врти против човештвото во филмската франшиза Терминатор.

Еден друг корисник, generalmoto63, прагматично и во полушега прашува “A зошто не сте развиле апликација за вашиот телефон да го прави истото? Ако има функција за hot-spot, може да испраќа и прима сигнали?

Некои пак сметаат дека се работи за “стари вести” – “WiFi рутерот самиот испушта радио бранови за да создаде врска. Тие се одбиваат од сè што е цврсто во вас. Тој шаблон може да се користи за да се направи слика од внатрешноста на која било просторија, вклучувајќи ја и локацијата на луѓето“, вели newworldrob.

На ова peterborski укажува дека “Рутерот не прима рефлектиран сигнал. Само сигнали кои комуницираат со уред кој емитува сигнал – како компјутер, ТВ, часовници итн. Не ги скенира просториите или не прима сопствен сигнал кој се одбива од пречки

Кое е вашето мислење?

Дебатирајте во коментарите на фејсбук објавата со оваа сторија на нашата фан-страница

Клучни зборови: