Рубрика: Електроника
Серво-тестер
Автори: Петар Аврамовски, Марјан Штркоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Серво-уредите се автоматски електромеханички уреди, сервомеханизми, кои со помош на повратна врска и сензори за грешка ги подобруваат перфомансите на механизмот. Сервотестерот од нашиот проект има цел да ја провери исправноста на работата на серво-уредите. Практичната примена на серво-тестерот се покажа целисходна во тестирањето на сервомеханизмите за управување со работата на крилцата кои се вградени во воздухопловните модели.

Кога зборуваме за серво-уред, подразбираме дека станува збор за сервомотор кој е дел од одреден сервомеханизам. Сервомоторот е во здружена електромеханичка комбинација со некои типови енкодери кои ја одредуваат неговата позиција и насоката на движење. Повратната врска во сервомеханизмот обезбедува прецизна контрола на движењето изразена преку "степените на слобода". Секој сервомеханизам не мора да содржи сервомотор. На пример, електричната печка контролирана преку термостат е своевиден сервомеханизам, иако не содржи мотор во системот за контрола на температурата. Повратната врска за нивото на температурата преку термостатот генерира "резултат на грешка" кој доведува до исклучување на печката.
Значи, во суштина, "серво" е скратен назив за сервомеханизам, а претставува автоматски уред кој поседува негативна повратна врска и сензори за грешка со цел да ги коригира и да ги подобри перформансите на механизмот. Серво-уредите можат да дадат информација за позицијата, брзината и насоката на движење на еден ротациски систем и можат да извршат влијание врз истите параметри, т.е. да ја конролираат и да ја менуваат позицијата, брзината и насоката на движењето.
Денес сервоуредите се користат во автоматските машини и алатки, антените за следење на сателитите, кај роботите, далечинска контрола на авионите и аеромоделите, автоматската навигација на бродови и авиони, во фотоапаратите – за придвижување на леќата при автоматското фокусирање, во компјутерската техника – за прецизна контрола и водење на хард дискот и др.
Малите неправилности кои не можат да се воочат во текот на работата на серво-уредот, сигурно ќе бидат детектирани кога серво-уредот ќе се постави на проверка со серво-тестерот. Серво-тестерот може да ги тестира серво-уредите додека не се монтирани во аеромоделите, но и откако ќе бидат монтирани во самиот аеромодел.
Овој проект нека биде поттик и пример како треба да се здружат знаењата од различни области (воздухопловно моделарство и електроника) и како треба да се издаде еден заеднички проект. Најголема радост за авторите и за редакцијата на Емитер ќе биде кога сликите од овој серво-тестер, изграден од читател на Емитер, ќе се најдат покрај нашите. Рубриката "И вие сте дел од Емитер" ви го овозможува тоа. Уште еднаш, голема благодарност до Марјан за соработката и коавторството во овој проект. Ние сме дел од Емитер, а вие?

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1224

ИК: NE555

 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките

Изглед на изработениот прототип

Изглед на изработениот прототип

Изработениот прототип и серво-уредот

Два серво-уреди вградени во воздухопловен модел


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.