Рубрика: Информатика
Гугл Андроид 4.1 – "Желе бонбона"
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кон крајот на јуни на годишната Гугл конференција која се одржува во Сан Франциско и официјално беше најавена "Желе бомбоната", Андроид 4.1, кој според Google, е "најбрзата и најлесна за менаџирање верзија на Android досега"... Од друга страна, се слушнаа и првите критики кои велат дека новата верзија главно нуди мали системски промени, а многу козметички подобрувања. Како и да е, кон крајот на месецот таа веќе ќе стане достапна на таблетите Galaxy Nexus, Nexus S и Motorola XOOM.

Може слободно да кажеме дека Андроид во изминативе години станува сè подобар и подобар. Но Google не е компанија која седи на нејзините ловорики, па така иако сè уште не е завршен целиот процес на интегрирање на Андроид 4.0 сладоледниот сендвич на сите компатибилни уреди, од компанијата веќе го објавија Андроид 4.1 – Желе бомбона. Иако сè уште не се познати сите детали, Гугл претстави голем број од функциите кои накратко ви ги пренесуваме.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.