Oткако забележале дека симнатите апликации ги бомбардираат корисниците со огласи од Google отстранија 164 Андроид апликации кои претходно ги симнале над 10 милиони корисници.
Огласите од типот Out-of-context, односно огласи надвор од апликацијата, е релативно е нов израз кој се однесува за огласи кои се прикажуваат на мобилните уреди во поп-ап прозорец или на цел екран, одвоен од оригиналната апликација. Од февруари минатата година според правилата на Google Play овој вид огласи се забранети. Google ја воведе забраната на ваков вид огласи поради тоа што ги оневозможуваат корисниците да откријат од која апликација тие потекнуваат, што го отвора патот за несакани реклами на Андорид уредите.
Иако во првата фаза по воведувањето на забраната беа отстранети 600 Андроид апликации од Play продавницата, програмерите не престанале да го злоупотребуваат овој механизам. Во јуни и октомври 2020 година, Google бил принуден повторно интервенира и да забрани 38, односно 240 апликации, кои продолжиле да го злоупотребуваат овој механизам. И едната и другата група на апликации беше откриена од страна на White Ops, фирма специјализирана за откривање на ботови и реклами за измами. Неодамна White Ops извести дека е откриена уште една група апликации кои ги кршат забраните на Google. Оваа група од 164 апликации останала неоткриена подолго од останатите. Поголемиот дел од апликациите имитирале некоја од популарните апликации, копирајќи ја нивната функционалност и име за да привлечат корисници кои ќе ги преземат.
Апликациите биле преземени повеќе од 10 милион пати пред да бидат откриени и пријавени во сигурносниот тим на Google. Сите имиња на 164-те апликации можете да ги прочитате во извештајот на White Ops тука.
Согласно со правилата на Google Play, апликациите се отстранети од продавницата и оневозможени на уредите на корисниците, но сепак корисниците мораат и рачно да ги отстранат од своите телефони.