Рубрика: Информатика
ANDROID 4.1
Автор: Зоран Ивановски
Објавено на 23.07.2012 - 13:14

Еволуција или фејслифт? Зависи од тоа од која верзија на Андроид оперативниот систем за smartphone уреди се префрлувате на Android 4.1 Jelly Bean. Доколку тоа го правите од постарите, секако дека најновото "кутивче со бонбони", како што гласи придавката на Android 4.1 ќе го доживеете како вистинска револуција.
Ако веќе го имате испробано Android 4 Ice Cream Sandwich, тогаш ќе ви стане јасно дека новата верзија донесува благо подобрување на перформансите и дополнително "полирање" на ионака до совршенство дотераниот интерфејс. Pull-down менито за информации сега е со нешто зголемен фонт, и повеќе сива и бела боја наместо сината, и неколку нови функционалности. Тука ќе наведам: влечење на известувањата и употреба на два прста за зголемување на истото и добивање дополнителни информации/параметри од него, известувањето за пропуштен повик овозможува од истот да можете да го возвратите повикот, како и да му/и испратите текстуална порака, со секоја нова e-mail порака можете да ги погледнете деталите за повеќе нови мејлови кои не сте ги прегледале, како и препраќање на screenshot кој сте го направиле со телефонот.
Можеби е најбитното подобрување е зголемената брзина на самиот оперативен систем, што е добиено со подобрување на системскиот број на фрејмови и сигналот за освежување (refresh) на дисплејот, како и новоразвиениот систем за внес преку допир. Ова секако не е сè, а подетален опис може да прочитате во новиот број на ЕМИТЕР кој излегува од печат за неколку денови.

Клучни зборови: