Емитер 7-8/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
iPHONE 5 зад аголот!;
Транспорт на иднината – транспорт преку вакуумски цевки;
Дали животните сонуваат?;
Иновативна NFC-технологија на новите смартфони LG Optimus;
Роботи кои ја скицираат зградата пред да влезат пожарникарите во неа;
Зошто небото ја менува бојата?;
ХСМ ги претстави пакетите Adobe CS6 и Corel X6;
Комарците касаат, но не секого;
Опсег на примена на Њутновата механика;
Зошто бумбарите можат да летаат?;
Откриена петта месечина на Плутон;
Бактерија која го продолжува животот;
Јачината на светлината на ЛЕД диодите зголемена за 122%;
Компјутерска креација на галаксија слична на нашата;
УСБ-перниче за ладење;
ХП ја претстави новата флота бизнис-компјутери;
Екран на меур од сапуница;
Навистина екстрастабилен мотоцикл;
Австралиските момчиња ќе се вакцинираат против HPV;
Струја добиена од лизгање на капки;
Azden 330LT UHF On-Camera Dual Bodypack System;
HP Scanjet Enterprise 7000 S2 Sheet-feed Scanner;
Како оперскиот пејач се слуша и покрај многу погласниот оркестар?;
Тастатура за iPhone;
Стивен Хокинг испитува уред кој го чита неговиот ум
Jачината на светлината на лед диодите зголемена за 122%
Кинеските научници успеале да ги пренесат светлечките LED диоди (Light-Emitting Diode) од галиум нитрит (GaN), од силициумова подлога на подлога од бакар. Новата бакарна подлога овозможува кристалите на галиум нитрит да ослободат некакви внатрешни напрегања кои се создаваат при формирање на ЛЕД диодите. Тоа опуштање на внатрешните напрегања придонело да се намали таканаречениот "квантно заробен Старков ефект", кој на ЛЕД диодите досега им ја намалуваше светлината и ги правеше помалку ефикасни. Во споредба со светлечките диоди поставени на силициумова подлога, ЛЕД диодите поставени на бакарна подлога светат со јачина зголемена за 122 %, велат истражувачите, што мора да се признае воопшто не е за занемарување. Притоа, поставувањето на ЛЕД диодите на бакарна подлога не предизвикало некои други негативни ефекти.
Зголемувањето на интензитетот на светење на ЛЕД диодите поставени на бакарна подлога било и заради тоа што помеѓу бакарната подлога и диодата била заменета апсорпциската подлога со метален рефлектор. Со елиминирање на сенката која ја прави електродата, која исто така ја намалува светлината, како и со заменување на грубата површина на подлогата со рефлектор, светлината уште повеќе се зголемила. Резултатите, велат изтражувачите, многу брзо ќе бидат објавени во американското списание Applied Physics Letters.
Инаку, како што е познато, ЛЕД диодите имаат многу широка примена, зголемувањето на јачината на светлината која ја генерираат за 122 % ќе придонесе за поевтинување на речиси сите производи во кои се применети тие.
Калина. С. Андонова
Роботи кои ја скицираат зградата пред да влезат пожарникарите во неа
Пред да влезат пожарникарите во опожарена зграда, тие сакаат да ја знаат цврстината на структурата и како можат да се движат низ зградата. Научниците, соработувајќи со лабораториите за истражување на армијата на САД, (Laboratory’s Micro Autonomous Systems and Technology (MAST) program), успеале да развијат тим од помали роботи кои ќе можат да ја истражат и да ја скицираат внатрешноста на некоја зграда за време на некоја опасна ситуација, со цел тимот што ќе влегува внатре да знае со што се соочува. Вијај Кумар, истражувач од универзитетот во Пенсилванија, го направил софтверот преку кој роботите ќе одлучуваат во кои насоки ќе се движат. Роботите имаат коцкеста форма со должина од 30,5 cm и висина од 20,3 cm и се опремени со камери за да ги идентификуваат вратите и прозорците на зградата, исто така се опремени со ласерски скенери со кои ќе ја мерат големината на ѕидовите. Роботите се целосно автономни и можат самостојно да се прегрупираат. Доколку некој робот наиде на препрека, може да регрутира неколку од останатите роботи да соработуваат со него за да ја отстранат препреката.
Горан Богданоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.