Рубрика: Автомобилска техника
Нови ЕУ – налепници за автомобилски пневматици
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Многу е битно да знаеме кое ниво на квалитет за најважните параметри, од аспект на експлоатација, го добиваме за производот што го купуваме. За автомобилските гуми, и нијансите во квалитетот се значајни и значајно ја менуваат сликата за безбедноста, економичноста и загадувањето од бучава. Всушност, во овој момент тоа се трите најзначајни критериуми за кои е задолжително да се истакнат нивните оценки на посебна етикета, со што значително се олеснува одлуката на купувачот при изборот на автомобилските гуми. Токму таа етикета (налепница) ќе е задолжителна за сите нови автомобилски гуми што ќе се продаваат на пазарите на Европската Унија од 01.11.2012 година. Написов има за цел поблиску да ве запознае со содржината на оваа налепница.

За трите најважни карактеристики на автомобилските гуми од кои директно зависат безбедноста на возењето, загадувањето од бучава и енергетската ефикасност донесена е законска регулатива на ниво на ЕУ според која оценките за тие особини мораат со помош на пиктограми да се прикажат на автомобилската гума која се нуди за продажба. Тоа е налепница на која графички и со многу едноставен јазик се прикажани оценките за трите најважни критериуми со кои можеме да го олесниме донесувањето на одлуката која гума да ја купиме.
Трите критериуми меѓусебно се во колизија. Имено, со наголемување на енергетската ефикасност се намалува прилепувањето на гумата на влажна подлога, а, пак, со наголемувањето на прилепувањето на влажна подлога се наголемува бучавата што ја произведува гумата. Од ова произлегува дека производителите на гуми мораат да го "бркаат" оптимумот, но никако не на сметка на намалената безбедност.
Да ги разгледаме поодделно трите главни критериуми (параметри) кои мора да бидат оценети и да го објасниме начинот на нивно оценување.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.