Моторциклите некако како по инерција се во сенка на автомобилите. Неправда е тоа но така засега стојат работите. Ние правиме напор тоа да го промениме. Во таа насока, еве можност да ѕирнеме во производствените хали на прочуениот производител на моторцикли BMW и да видиме како изгледа денешново производство на моторцикли. Видеоприлогот е прикажан подолу.
Паралелно е прикажано производството на два модела на моторцикли – од склопувањето на погонскиот агрегат, па сè до пакувањето за испорака до крајните купувачи. Тоа што ќе го видите, едноставно не трпи коментари. Тоа само се гледа, се размислува на зададената тема и се воздивнува во знак на потврда на видената врвна производна технологија. Да, тоа што ќе го видите е производ на човекот а зародишот на тоа е во човековите мисли.