Рубрика: Информатика
Tablet? Notebook?... Ultrabook!!!
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Како никогаш Ultrabook комјутерите во моментов се во полн залет во освојување на пазарот со лаптопи и персонални компјутери. Едно од очекувањата на компанијата која го воведе новиот стандард е уредите да направат трансформација на изгледот и очекувањата кај преносните компјутери, слично како што тоа пред повеќе од пред осум години го направи Centrino чипот на Интел во мобилната технологија. Оваа нова етапа на развој од преносните компјутери веќе започна, а новиот вид уреди, независно дали доаѓа од Acer, Asus, Dell, HP, Lenovo или Samsung, во својата срцевина крие чип на Интел.

Ако се консултираме со Википедија, кратката дефиниција би била дека се работи за висока класа на мал пренослив компјутер кој го дефинира Интел. Ултрабук-компјутерите доаѓаат со мали димензии, дебелина од помалку од 2 cm и тежина помала од 1,5 kg. Сите ултрабук-компјутери користат нисковолтажен процесор од Интел со интегрирана графика и имаат unibody куќиште кое овозможува употреба на поголеми батерии во помал простор.
Всушност, големата издржливост на батериите е еден од условите уредот да влезе во категоријата Ultrabook. Ultrabook-уредите нудат најмалку 5 часа непрекината работа со едно полнење на батеријата, а многу од нив обезбедуваат 8, па и повеќе часови – дури и кај најтенката категориска форма. Во принцип, развојот оди во насока на поголема употреба на литиум-полимерни батерии, какви што се користат кај мобилните телефони. За оваа цел, од Интел се фокусирани на поттикнување на иновациите во дизајнот и технологијата на батерии во индустријата за уште поголемо зголемување на траењето на батеријата.

Клучни зборови:

Од Haswell се очекува да ги подобри перформансите за 20 пати

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.