Емитер 7-8/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Антивирусните програми овозможуваат есенцијална заштита на компјутерот од вируси, тројанци, црви, spyware и adware програми и низа други кои можат да направат непоправлива штета. Времето кога разликата во ефикасноста и функционалноста на различните антивирусни програми беше очигледна, одамна помина. Да не се разбереме погрешно, не се сите софтверски решенија од оваа област со ист квалитет, а особено разликата меѓу оние кои се бесплатни и комерцијалните во одредени области е и тоа како забележлива. Но, тоа што сакам да го потенцирам во овој напис е дека и бесплатните антивирусни програми знаат да завршат одлична работа.
Задачата на антивирусната програма е прилично сложена. Моменталната состојба околу заштитата на компјутерот од малициозните програми ни кажува дека не постои некоја чиста граница меѓу вирусите, spyware и malware. Тоа што е можеби најважна работа на еден софтвер кој претендира да го заштити вашиот компјутер е real – time заштитата. Нема да навлегуваме во детали околу тоа како всушност работат антивирусните програми и кои техники ги користат, впрочем принципите се исти, но техничките решенија се различни.
Во продолжеток на написот, ќе ви претставам, неколку можни решенија кои се добра замена за комерцијалните антивирусни програми. Тоа се бесплатните антивирусни апликации: Avast Free Antivirus, Microsoft Sescurity Essentials, Avira AntiVirus Personal Edition, AVG Anti-Virus Free Edition и Panda Cloud Antivirus. Останува на вас, откако ќе го прочитате написов, да одлучите кое решение ќе го изберете тргнувајќи од степенот на ризик на кој е изложен вашиот компјутер и секако од тоа колку и дали сте спремни да платите за комерцијален софтвер.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.