Емитер 9/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Иако сте се заштитиле со сите расположливи средства, сепак за успешно да им се спротивставите и да ги победите натрапниците, потребно е да ги знаете чекорите што тие ги преземаат при нападите и алатките кои ги употребуваат за таа цел. Односно, да го разберете, осознаете непријателот за да бидете во состојба да го победите!
Најдобриот начин за борба против кибер криминалот е да се проучи самиот кибер криминал. Поточно, што е тоа што ги тера да ги прават криминалните дела, кои се мотивите, како ги избираат целите на нападите, како го осмислуваат самиот напад, како избираат со што да нападнат,… со еден збор, да се одвои време и да се "поживее" во нивниот свет. Осознавањето и проучувањето на непријателот е најдобриот начин тој да се победи.
Ќе рече некој – како полицаец на тајна задача кој се инфилтрира во криминалното дувло со цел да го разбие? И ќе рече дека многу гледам филмови :-)? Можеби на прв поглед изгледа така, но сепак, не можеме да повлечеме таква паралела, да направиме таква споредба. Да се биде чекор напред пред кибер криминалецот е неспоредливо потешко, да не речам Сизифова работа. Далеку потешко отколку да се биде чекор понапред пред уличниот џепчија или провалник.
Но не е ниту – невозможно. А тоа е и целта на овој текст – да ги разгледаме токму тие можности!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.