Рубрика: Електроника
Летна школа "Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2012"
Автор: Дарко Цветковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во периодот 25 – 29 јуни на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Институтот за електроника ја организираше летната школа. "Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2012" на тема "Енергетска пресметливост". Ова е трета година по ред како се организира школата и таа привлекува сè поголем интерес кај студентите.

Темата на летната школа е извонредно актуелна: како да се направи микрокомпјутерски систем што ќе ја постигне саканата функционалност со минимална потрошувачка на енергија. Знаеме дека перформансите на микрокомпјутерските системи рапидно се зголемуваат со постојаниот развој на технологијата, но се зголемува и потребата истите да функционираат што подолго со што е можно помало количество енергија, а со тоа и со што е можно помалку пари. Ова особено доаѓа до израз кај батериски напојуваните уреди. Оттука, техниките кои се применуваат за оптимизација на потрошувачката на овие системи се исклучително атрактивна тема, како за истражувања во светската научна заедница така и за инженерската практика во индустријата.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.