Рубрика: Информатика
Intel Ivy Bridge – 22-нанометарска ера на прагот!
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


По неколку одложувања, конечно пред нас се долгоочекуваните Intel процесори изработени во 22-нанометарска технологија. Со драстично подобрени графички перформанси, дотерани и "испеглани" до максимум, јасно говорат дека Intel уште долго ќе доминира на полето на процесорите.

Верувам дека се сеќавате на релативно изразената скепса во поглед на доследноста на спроведувањето на т.н. “Tick-Tock” стратегија на Intel, најавена во 2006 година. Многумина тогаш тоа го сметаа како интересен маркетиншки трик на Intel, кој би требало да му даде потпора на првичниот успех со Core процесорите и рушење на доминацијата на AMD. Таквата скепса донекаде беше предизвикана и со лимитите кои веќе одамна ги достигна архитектурата NetBurst, премиерно имплементирана во првите Pentium 4 процесори. Колку за потсетување, масивната инструкциска единица (првично 20 нивоа, а од P4 процесорите со Prescott јадро со 31 ниво) честопати се покажа како кочница, најмногу, во ситуациите кога текот на инструкциите и пресметките на разгранувањето не се предвидуваа правилно (па целиот процес се враќаше на почеток), што повлекуваше празни и изгубени тактови и намалена ефикасност. Во таква ситуација, при постоењето на проблем кој се провлекуваше од првите модели на Pentium 4, значи од 2000 година, ретко кој веруваше дека динамиката на претставување на нов производствен процес и нова архитектура ќе може да се оствари во текот на една година.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.