Рубрика: Информатика
Intel Xeon E7 V2 – најмоќната "ѕверка" на Интел!
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Трите години пауза, изоставувањето на 32 nm и преминувањето на 22 nm, со низа оптимизации и подобрувања, резултираа со серверски процесор кој поставува нови мерила и стандарди во поглед на перформансите – Intel Xeon E7 v2!

По три години “во служба”, легендарниот Интелов топ-модел x86 серверски процесор, Xeon E7 "Westmere-EX" заминува во пензија. Наследникот, базиран на Ivy Bridge "Tri-Gate" литографијата, носи назив Xeon E7 v2. Додуша, смената требаше да се случи кон крајот на минатата година, но Интеловиот портпарол за маркетинг изјави дека вредело чекањето, со оглед на тоа што новиот топ-модел носи не максимално, туку во ПРОСЕК двојно повисоки перформанси во споредба со претходната верзија.
По појавата на "Westmere-EX", според стратегијата "tick-tock" се очекуваше наредниот Xeon модел да биде "Sandy Bridge – EX" серија. Тоа не се случи, а од Intel објаснија дека ќе се прескокне 32 nm изведба, која би се базирала на "Sandy Bridge" микроархитектурата. Поточно, ќе се искористи истата архитектура, но спакувана во 22 nm, Tri-Gate Ivy-Bridge литографија.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.