Рубрика: Информатика
Интел и АМД низ годините (1995 – 2025)
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 208 - 12/2025.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Иако историјатот на процесорите е многу постар, сепак нашиот преглед ќе го ограничиме во рамките на нашиот јубилеј, периодот од 1995 па до денеска. Не земајте ни за зло поради површната ретроспектива – сепак, ова е тема што лесно би можела да заземе многу поголем број страници, но сепак мораме да оставиме место и за другите.

Историјата на процесорите на AMD и Интел од 1995 до 2025 година е приказ­на за жестока конкуренција, обележана со периоди на промена на водечката по­зиција на пазарот, иновации, импле­мен­­тации на нови, револуционарни техноло­гии и архи­тектурни иновации и, од не­одамна, фокус на голем број јадра, енер­гет­ска ефикасност и интеграција со веш­тачка интелигенција. Имено, процесорите сами за себе се на­мет­наа како водечко парче хардвер, на коешто мо­жат да му парираат само гра­фич­ките карти според популарноста.

Историјатот на ова по многу нешта “знаменито” парче хардвер датира од многу порано пред првиот број на ЕМИ­ТЕР, но пред сè поради обемноста на оваа тема, овојпат ќе се задржиме само на површен преглед на неговиот развој.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.