Рубрика: Информатика
IDF 2012 Сан Франциско
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Веќе 15 години конференцијата ИДФ на Интел е еден од најголемите настани во тековната година кој помага во обликување на насоката во која ќе се развива ИТ индустријата во иднината. Настанот претставува место каде луѓето од сите сегменти на ИТ индустријата се собираат да слушнат за најновите достигнувања на Интел и неговите партнери, но и да се вклучат во развојот на идните технологии и производи. На ИДФ во Сан Франциско оваа година присуствуваше и ЕМИТЕР, па во овој напис од прва рака ќе ве информираме за сите клучни сегменти на кои работи Интел со што, во голема мера се одредува идниот развој на целата ИТ индуструја.

Што всушност претставува IDF? IDF или Intel Developer Forum, е место каде што луѓето од сите сегменти на информатичката и електронската индустрија се собираат за да се информираат за најновите достигнувања на Интел, но и да се вклучат во развојот на идните технологии и производи. Првиот IDF е одржан во 1997 година во Палм Спринг, потоа е преместен во Сан Хозе за конечно во 2002 година да се стационира во Сан Франциско, Калифорнија. Истовремено IDF конференции се одржувале и во други градови и до сега се одржани преку 100 IDF конференции низ целиот свет. Освен Сан Франциско како редовен домаќин на IDF, домаќини на IDF биле и Пекинг, Бомбај (Мумбаи), Москва, Каиро, Сао Паоло, Токио, Тајпеј, Барселона, Амстердам, Минхен и др.
Оваа година, IDF 2012 во Сан Франциско се одржа од 10 до 13 септември, а местото на настанот традиционално беше Москон (Moscone) конгресниот центар. За успешноста на овогодинешниот IDF во Сан Франциско се погрижија над 900 вработени од Интел, предавачи, продукција, административци..., а за успешноста говори и бројката од околу 5000 посетители од преку 40 држави, главно развојни инженери и ИТ менаџери, а меѓу нив и 550 стручни новинари од списанија за информатика, наука и техника. Можеби ќе се запрашате зошто волку луѓе, и тоа некои од нив речиси секоја година, доаѓаат на конференцијата која веќе 15 години ја организира Интел. Одговорот е едноставен – присуството им овозможува да добијат увид во насоките во кои се развива ИТ технологијата, но и уште поважно, им овозможува и непосреден пристап до ИТ-експертите на Интел. Во прилог на ова говорат 180 технички сесии и предавања и над 250 практични демонстрации на нови производи и технологии од над 100 компании кои се дел од семејството на компанијата Интел или, пак, имаат блиска соработка со неа.
Благодарение на поканата од Интел и Примарк комуникации, официјалната ПР-агенција на Интел за Македонија, ЕМИТЕР имаше ексклузивна можност да присуствува на IDF 2012 во Сан Франциско и од самото место да ги информира своите читатели за презентираните нови технологии и производи. Кратките информации за дневните настани имавте можност да ги следите "директно" преку онлајн вестите на нашиот веб-сајт (www.emiter.com.mk/onlinevesti.php), а во продолжение следи поопширен приказ на клучните настани на IDF 2012 во Сан Франциско.

Клучни зборови:

Во внатрешноста на Москон центарот - на овој простор се сместени мал дел од конференциските сали.

Во холот на Mоскон центарот- можност да се здивне со партија шах помеѓу две излагања.

Можност да се испробаат најновите ултрабук производи.

Симулатор за Ф1 со "Intel Inside" ;-)

Поглед во внатрешноста на следната генерација решенија за десктоп

Со контролата со гестикулација може да се чувствувате како 'Илија громовник'

PCI SSD Flash Accelerator Card

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.