Рубрика: Информатика
IDF 2013 Пекинг
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За значењето и содржините на IDF за првпат нашироко ве запознавме во октомврискиот број на ЕМИТЕР минатата година. За потсетување, настанот се одржува во текот на целата година на повеќе локации во светот, следејќи ги и информирајќи за најновите текови во ИТ-технологијата. Истовремено, покрај пресек на тековната состојба, форумот ја обликува и визијата за натамошниот технолошки напредок, онаков како што го предвидува Интел. Во овој број ве известуваме за случувањата на овогодишниот IDF во Пекинг.

Овогодишниот форум во Пекинг се одржа во периодот од 9-ти до 11-ти април. Овој форум воглавно е ориентиран кон развојните инженери и иноватори од Далечниот Исток, но како и другите форуми на Интел, дава точен увид во моменталната ситуација во ИТ-индустријата и прецизна визија за она што нè очекува на ова поле. Имајќи предвид дека се работи за еден од најголемите ИТ-гиганти во светот, чиишто хардверски делови се наоѓаат во речиси секое ново парче од современата технологија, слободно можеме да кажеме дека нивните предвидувања за иднината се сосема на место.
Извршните лица на корпорацијата Интел најавија нови технологии и партнерства кои имаат за цел да го променат начинот на кој луѓето ја користат технологијата, односно од уреди да се пренасочат кон "клауд" системи. Објавени беа детали за новите производи за центри на податоци кои се базираат на 22-нанометарската технологија и новата "rack scale" архитектура, како и за новата, четврта генерација на Intel Core процесори. Покрај ова, беше дискутирано и за предностите на HTML5 како развојна околина, а беше демонстрирана и технологијата Silicon Photonics.

Клучни зборови:

Брајант за првпат ја прикажа наредната генерација Интел Атом процесори за микросервери, поз¬ната под името "Avoton"

Даг Фишер говореше за важноста на perceptual computing и инкорпорирањето на овој вид интерфејс во новите апликации

Џастин Ранер, како и досега на ИДФ настаните, демонстрираше работа на нова технологија која допрва ќе стане стандард.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.