Рубрика: Информатика
Аудио freeware избор
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој број ви претставуваме три корисни аудиоапликации. Секоја од нив покрива различни сегменти. Првите две се наменети за аудиофилите – едната е наменета за претворање на датотеки од еден во друг формат, додека другата е за организирање на музичките датотеки во една единствена прегледна дигитална музичка колекција. Последната програма е наменета за оние, малку покреативните, кои се бават со создавање музика, било да се дизајнери на звук, диџеи или, едноставно, хоби-музичари.

AoA Audio Extractor е бесплатен софтвер и згодна алатка за вадење на аудиозвуците или музиката која тече во заднината од некоја видеодатотека, Media Catalog Studio е наменета за класификација и за пронаоѓање на музички и видеодатотеки и нивна организација во прегледна база на податоци, додека Soundplant е програма за дигитална аудиоизведба која вашата компјутерска тастатура ја претвора во разновиден, интуитивен уред за мешање на повеќе семплови, како и музички инструменти.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.