Рубрика: Омнибус
Sony digischool 2012
Автор: Сашко Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во текот на 2012 година, 3Д технологиите стануваат сè подостапни и со подобар квалитет. Задоволство ни е да ви ги претставиме најновите производи и технологии со 3Д и интернет-функционалности. Новите производи ги поттикнуваат творечките умеења и способности на секој од нас и ја прават забавата во домашната средина уште повозбудлива. Најактуелната понуда за сезоната 2012 веќе имаме можност да ја споделиме со вас во нашите продажни салони.
Ова беше истакнато од тимот на Sony за време на осмото издание на традиционалниот технолошки семинар за медиуми, Sony Digi School 2012 кој се одржа од 6. до 8.4.2012 година во Варна, Бугарија, под мотото "Вистински бои и незаборавни емоции".

Над 30 медиуми од Македонија и Бугарија присуствуваа на претставувањето на најновите производи и технологии во областа на дигиталната забава на компанијата за 2012 година, кои веќе се достапни во Македонија, Бугарија, Албанија и Косово.
Од новитетите на Sony за оваа година, особено беа истакнати производите и технолошките иновации од новата палета BRAVIA телевизори, кои се одликуваат со пореална слика и природни, живи бои, елегантен нов дизајн и нови онлајн-можности; дигиталните огледално-рефлексни фотоапарати α ("Алфа"), кои нудат исклучително брз автофокус, голема брзина на сериски снимки и Full HD видеоснимање со кинематографски квалитет; компактните фотоапарати Cyber-shot кои се одликуваат со нови интересни функции: 360-степена панорамска снимка, уметнички ефекти и подобрено оптичко зумирање; видеокамерите Handycam кои овозможуваат лесно споделување на видеоклиповите благодарение на вградениот проектор, а новата технологија за оптичка стабилизација го олеснува снимањето на видеоснимки при секакви услови.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина