Емитер 4/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Минатиот месец заврши најголемиот светски настан на мобилната индустрија. Четирите дена од конгресот во Барселона поминаа во знакот на технолошките иновации, новите мобилни уреди, како и новите трендови и предизвици на телеком-операторите.
Mobile World Congress е настан број еден во светот на мобилната индустрија. Секоја година на едно место се собираат лидери од телеком-индустријата, лидери во производството на мобилни уреди, програмери на апликации и оперативни системи. Преку промоции, конференции, семинари и разни други настани се претставуваат најновите смартфони и таблет-компјутери, се дефинираат идните трендови на развојот, се поставуваат нови визии на телеком-индустријата. Секоја година на овој настан сè повеќе доминира значењето на технологијата за развој на т.н. networked society.
Годинава Барселона ги надмина очекувањата по неколку работи. Пред сè ова беше до сега најголемиот конгрес, со импресивни 67000 посетители (за 11% повеќе од лани) од 205 земји, со 1500 излагачи, 3500 извршни директори и преку 3300 регистрирани новинари од медиуми од целиот свет. Дополнителен показател за влијанието на овој настан се и импресивните 240 000 објави на социјалните медиуми поврзани со конгресот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.