Емитер 4/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Мошне често при купување бургија, продавачот ќе ни понуди еден куп бургии различни според цена и боја, на пример црни, златни, сребрени,виолетови и други нијанси. На прашањето зошто толку се разликуваат според цена бургии од ист тип (една е 50, а друга е 500 денари), и зошто се разликуваат според нивната боја, најчесто продавачот ќе ни одговори "овие се кинески, овие од Шведска итн." Но каква е целата поента во производителот, дали можеби се во прашање различни карактеристики на спиралната бургија и материјалот од кој е изработена истата? Во овој напис ќе се обидеме да ве заштитиме од тоа да купите квалитетна бургија од Шведска, да дојдете дома и веднаш да ви се скрши, па од нервоза да кажете: "во државава нема никаков квалитет, сè е од Кина, сите само лепат декларации од различни производители".
Спиралните бургии се користат најчесто за дупчење на железни материјали, а поретко и за дрвени материјали. Од самата конфигурација на бургијата, составена од сечило на предната страна и спирала која служи за транспорт на материјалот, доаѓа и самото име – спирална бургија. Наизглед едноставен алат кој не бара многу стручна подготовка за употреба, но со невнимание и незапазување на работните параметри на бургијата која ја употребуваме, можеме да ја фрлиме во корпа веднаш по првата употреба. Најпрвин ќе се задржиме на основните параметри кои се карактеристични за секоја спирална бургија, а потоа ќе ги опишеме и материјалите од кои се изработуваат спиралните бургии. Основни параметри на спиралните бургии се брзината на ротација и поместувањето (помест) на спиралната бургија.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.