Рубрика: Металство и машинство
Хармонични преносници
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 204 - 4/2022.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ќе се запознаеме со еден навистина исклучителен преносник – преносник на екстремности. Буквално сè за него е исклучително – едноставен дизајн, висок преносен однос што повлекува допуштање на исклучително висок момент на излезното вратило (во режим на редуктор), иновативен и интересен принцип на работа, поволен однос маса / силина на преносникот, висока надежност, компактна и лесна конструкција, ... Очигледно е дека ќе запознаеме еден преносник со крајно екстремни карактеристики и особини – “екстремен спорт” за оние кој уживаат во овие теми. Навистина оригинална, вдахновена и иновативна идеја на пронаоѓачот.

Типичен пример дека само едноставните нешта се гени­јални е хармоничниот преносник (Harmonic Drive Gearing или кратко Harmonic Drive). Мали, едноставни, прецизни, моќни и ефикасни се овие преносници кои ги красат и уште многу други позитивни особини за кој подоцна ќе стане збор.

Реален изглед во расклопена состојба.

Непосредно по појавата на овие преносници, прва примена нашле во ракетната техника и воопшто во техниката кај все­ленските летала и воздухопловите (иницијално, за нив бил раз­виен овој програм). Денеска нивната примена е значително проширена. Неколку најкарактеристични области на примена се:

1. Авиоиндустријата, сателитите, ракетите и секаде онаму каде се работи во тешки и екстремни работни услови (високи или ниски температури, вакуум, ...), а е потребно производство на високи сили или вртежни моменти при минимум габарит и тежина на преносникот (на пример, погонување на помошните крилца за управување на авионот и сл.).
2. Машини алатки, нумерички управувани, кај кои се бара многу прецизно позиционирање. Кај нив, ова е стандардна опрема.
3. Индустриски роботи и воопшто во роботиката. Две особини кои го красат овој преносник се пресудни за примена во роботиката. Тоа се извонредно големиот излезен момент при мал габарит на преносникот и извонредната прецизност и моќ на повторување вклучително и при реверзибилниот од (“нула” празен од). Секако, тука е и можноста на овие пренос­ници сигурно и мирно да работат и во исклучително тешки надворешни услови, што за роботот е од извонредно значење.
4. Мерни уреди и инструменти. Овде до израз доаѓа извон­редната прецизност, моќ на повторување, “нула” празен од, како и екстремно високиот преносен однос. Во овие случаи, вртежните моменти се минорни и немаат значење.
5. Електронска опрема и прибор.
6. Печатарска индустрија.
7. Позиционирање кај антени, сателити, телескопи, ...
8. Медицинска опрема.

Овој преносник е типичен пример на генијалноста на човечкиот ум, кој барајќи решение за некој проблем, може да сложи и неверојатна сложувалка која перфектно функционира. Исполнета е голема празнина во делот на преносниците за специјални намени. Се разбира, далеку е од вистината помис­лата дека овие преносници се целосна замена за т.н. класични преносници и дека дефинитивно е затворено поглавјето наречено преносници.

Клучни зборови:
Хармоничен преносник во склопена состојба.

Хармоничен преносник во склопена состојба.

Реален изглед во расклопена состојба.

Реален изглед во расклопена состојба.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.