Емитер 4/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Како и за сè останато, така и за автомобилите важи правилото дека доколку редовно не се користат подложни се на компликации предизвикани единствено од факторот пасивност кој е погодно тло за интензивен развој на разни моќни и непожелни процеси како: корозија, сушење на еластичните медиуми, упропастување на акумулаторот, појава на скрама на електричните контакти итн. Во оваа прилика ќе ги споменам само основните проблеми предизвикани од долгогодишното некористење на нашиот автомобил, а најмногу ќе се задржам на моторот кој никако нејќе да стартува или, уште полошо, никако нејќе да заврти, т.е. блокиран е, а добар си беше пред десеттина години!?!
Не ретко, но од разни причини се случува нашиот автомобил по некое време редовно користење, во сосема исправна состојба, да го оставиме настрана тотално пасивен и запоставен без никакви подготовки и зафати за конзервација. И така, можеби десетина години заборавениот и нечепнат автомобил ни притребува и сакаме повторно да го активираме. Но, наидуваме на мноштво проблеми од кои, за нас најболен, е проблемот што моторот никако нејќе да стартува. Како да се справиме со настанатата ситуација и дали има спас за нашиот мотор?
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.