Рубрика: Електроника
Синус – генератор
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Генераторот на сигнал со синусен бранов облик претставува транзисторски осцилатор со индуктивна повратна врска. Наменет е за употреба како сигнал – генератор при поправка на НФ-засилувачи на моќност. Неговата стабилност на фреквенцијата, чистината на сигналот без примеси од хармоници и малите изобличувања ја оправдуваат неговата изработка и примената во секоја посериозна сервисна и експриментална работилница по електроника.

За почетниците, хобисти-електроничари, вистински предизвик. За напредните конструктори, краткотрајна ретроекскурзија во осумдесетите. Осцилатор со само еден полуспроводник, што би рекле Јапонците, на англиски: "Solid state, one transistor". За вообразените сезнајковци што не изградиле ниту "детектор со една диода": нека си изградата: дигитален генератор на функции :)
Неговата едноставност ветува успех. Неговиот квалитет и дизајн раѓа желба да се има како прв лабораториски инструмент за аудиосервисна електроника. Време е да го замените стариот добар сигнал – инјектор кој генерира многубројни хармоници, со уред кој генерира чист, милозвучен аудиосигнал без хармоници, сигнал кој не го превозбудува НФ-засилувачот кој го испитувате.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1216

Транзистор: BC384C

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.