Рубрика: Електроника
Проект: Тон генератор TGE01 и TGE02 (прв дел)
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој и следниот број на ЕМИТЕР ќе бидат опишани две изведби на еден едноставен тон генератор кој ќе ве чини најмалку два пати поевтино од некој фабрички тон генератор со слични карактеристики. При оваа калкулација не е земен предвид вложениот труд бидејќи тој се компензира со новостекнатото знаење и искуство.

Високата цена на мерната опрема е најчестата причина поради која многу електроничари во својата практика користат само универзален инструмент (кој денес е реално евтин). Меѓутоа во повеќето конструкции потребно е да се извршат многу мерења за кои унимерот не е доволен, па конструкторот тие мерења едноставно не ги изведува. Честопати поради тоа изработениот уред ги нема саканите функции и карактеристики или пак воопшто не работи. Друга последица на непоседувањето соодветни мерни инструменти е непознавање на нивните можности што повлекува и непознавање на разни мерни постапки потребни во електронската практика. Поради овие причини за многу електроничари разочарувањата од неуспешни конструкции се многу чести. Во недостаток на финансиски средства единствен начин за надминување на овие проблеми е самоградба на потребната мерна опрема. Тон генераторот (аудио генератор, НФ генератор, RC генератор) е лабораториски уред кој создава синусни сигнали во подрачјето на инфразвучните, звучните и ултразвучните фреквенции. Се користи при разни испитувања во електрониката, најчесто при испитување на нискофреквентни уреди. Основа на тон генераторот најчесто е синусен RC осцилатор со можност за менување на фреквенцијата. Фреквенцијата грубо се менува со преклопник (RANGE), а континуирана промена е овозможена со потенциометар или променлив кондензатор (FINE). Со помош на друг потенциометар, засилувач и преклопник овозможено е фино и грубо подесување на амплитудата на излезниот сигнал, како и добивање на мала излезна отпорност на тон генераторот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.