Рубрика: Електроника
Проект: Гитарски засилувач EGA 16W
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3-4/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Многу млади гитаристи немаат финансиски можности да купат поквалитетен гитарски засилувач. Ако и вие го имате овој проблем, а имате барем основни познавања од електрониката, решението побарајте го во текстот што следи.

Засилувачите за музички инструменти со поголема моќност секогаш се добро опремени со разни копчиња, прекинувачи и конектори. За разлика од нив, кај послабите засилувачи, кои се предвидени за вежбање, обично постои недостаток од вакви контролни единици. Ваквата состојба е сосема неправедна бидејќи квалитетен звук е потребен секогаш, независно дали станува збор за концертно свирење или пак за домашно вежбање. Ова станува уште позначајно при студиски снимања кога поради повеќе причини најчесто се користат помали гитарски засилувачи.
Гитарскиот засилувач EGA 16, чиј проект ви го нудиме на овие страници, ги нема тие недостатоци. Неговата излезна снага е мала (околу 16W синусна односно 24W музичка) поради што е несоодветен за концертни настапи, но затоа во креирање на звукот има можности како многу поголемите засилувачи. Овие особини EGA 16W го прават погоден за домашно вежбање и студиски снимања. И покрај големите можности конструкцијата е релативно едноставна. Проектиран е со стандардни елементи кои лесно се наоѓаат на нашиот пазар, па неговата изработка ќе ве чини околу 100ДМ (комплет со кутија), а можеби и помалку, зависно од вашата снаодливост да набавите поевтини елементи и материјали и да искористите некои стари што веќе ги имате.

Изработениот прототип на гитарскиот засилувач подготвен за вградување во кутија

Гитарскиот засилувач е дел од гитарското комбо Ega-lite C8 објавено во бројот 4/2000

Поглед од задната страна на гитарското комбо Ega-lite C8

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3-4/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.