Емитер 6/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ги монтиравме компонентите на сите четири ППК, визуелно ја прегледавме нивната исправна монтажа и првите електрични проби ги дадоа очекуваните резултати. За многумина би останало само пронаоѓањето на некоја "картонска кутија" за да се пикне сета оваа техника и да се пикнат сите овие желби, кутија која би служела да се сокрие човековата немоќ пред техниката таму некаде длабоко во плакарот. Мора ли да биде тоа така? Секако дека не мора. Овој напис ќе ви покаже како и во домашни услови може да се направи одлична кутија, достојна на Hi-End класата, со што ќе добиете уред кој со гордост ќе го покажувате на своите гости.
Илјада и едната приказна која се однесува за потребниот степен на познавање на машинството врзано со електрониката никако да ни даде свест дека тоа не е воопшто едноставна работа. Отворете го вашиот телевизор, погледнете сè што има внатре: нискоградби, високоградби, улици и булевари, паркови и плоштади – структура на која би позавидел и највештиот архитект! Еден добар електроничар треба да има добри познавања не само на структурата и градбата на електронски кола туку тој треба да биде и добар во повеќе области од физиката, машинството, архитектурата, организација на работата и што уште не! Самиот факт дека на едно место треба да дојдат повеќе од 100 електронски компоненти и педесетина механички компоненти врзани во соодветна архитектурална форма за да формираат единствена функционална целина укажува на комплексноста на работата која бара интелигентен систематски приод кој не е толку лесен за објаснување во неколку реченици. Затоа прво што би направил човек е, со организиран пристап, да ја поедностави работата. Основни претпоставки на ова поле се: дефинирање на потребните компоненти и дефинирање на потребните работни операции. Додека кај "чистата" електроника, веќе дефинирани се потребните електронски компоненти и потребните работни операции за нивно асемблирање, потребните машински материјали и разните работни операции често се занемаруваат и потценуваат.
Фреквентен опсег: 20 Hz – 100 KHz (± 3 dB); 32 Hz – 20 KHz (± 1 dB).
Изобличување: Втор хармоник: 0,8%, Трет хармоник: 0,15%, Четврт хармоник: 0,03% (влез CD, 0dBu на излез)
Однос сигнал / шум: 90,2 dB(A)
Преслушување на канали: 78 dB на 1 kHz; 63 dB на 10 kHz
Ламби: ECC83 (12AX7);
Кондензатори: 150nF/400V (MKC, MKH), 3,3µF/100V (MKC, MKH), 47µF/350V (ELKO); 100µF/350V, 10µF/350V
Преклопници: 2x2 положби и 2x6 положби
Трансформатори: 230 / 2x9V / 12–15VA, 230 / 2x7,5–9V / 4–6VA;
Транзистори: MJE13005, MPSA42;
ИК: LM317, LM337
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.