Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Собирање во дигиталната електроника
Автор: Наташа Божиновска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Бинарната аритметика не се разликува од аритметиката во другите нумерички системи. Во бинараната аритметика се изведуваат операциите на собирање, одземање, множење и делење на бинарните броеви. Собирањето е наједноставна аритметичка операција којашто се применува во дигиталните сметачки уреди. Тоа се изведува со специјални логички кола наречени собирачи.

Собирањето е една од аритметичките операции којашто се применува и во дигиталните сметачки уреди. Аритметичкото собирање во бинарниот систем е еднакво со собирањето во децималниот систем, разликата е во тоа што цифрите на збирот на децималните бројки во собирањето се зголемуваат до 9, па преминуваат на 0 и во тој момент се создава цифрата 1 којашто се пренесува на соседната цифра на лево каде се собира со веќе постојната цифра на тоа место. Во бинарниот систем, зголемувањето на цифрата на збирот се прави до цифрата 1, па преминува на 0, кога се создава пренос 1 кој се поместува на лево за едно место. Таа единица се собира со постоечките цифри на тоа место. Собирањето се прави со специјални логички кола наречени собирачи.

Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.

Клучни зборови:

Логичка шема на собирач

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.