Рубрика: Електроника
Мерење на синусната излезна моќност на Hi-Fi аудио засилувач (видео)
Автор: Миле Кокотов
Објавено на 14.04.2026 - 11:30

Во видеото во прилог се објаснува начинот на мерење на излезната моќност на Hi-Fi аудио засилувач (моно блок) во АБ-класа, со 4 пара излезни транзистори 2SC5200/2SA1943 и дополнителен таков пар наменет за побуда.

Како сигнал генератор за генерирање на влезен синусоидален тест сигнал користен е двоканален генератор на функции Unit-T UTG962E, нагоден да дава синусоидален сигнал со фреквенција од 1 kHz.

На излезот од засилувачот, наместо звучник приклучив вештачки товар од 4 оми/1000W со чиста реална отпорност во аудио фреквенцискиот опсег.

При мерењето ги мерев следните параметри:
• Влезниот еднонасочен напон за напојување на засилувачот, падот на истиот напон при максимална излезна моќност, со волтметар.
• Влезниот синусоидален тест сигнал се мониторира со еден осцилоскоп FNIRSI 1014D.

• Излезниот сигнал се мониторира и мери со осцилоскоп RIGOL DHO814.
• Јачината на излезната струја кон вештачкиот товар од 4 оми се мониторира со бесконтактна струјна клешта HT208D.

Заклучок

На овој начин се определува реалната максимална излезна моќност што може да ја испорача засилувачот без забележливо изобличување, токму во моментот пред засилувачот да влезе во клипинг.

Излезната моќност во голема мера зависи од висината на напонот за напојување. Со напонот којшто беше употребен (±60 V при максимално оптоварување) се постигна речиси наголемата можна излезна моќност (400W на 4 оми) за засилувачи во AБ-класа.

Клучни зборови: